Ќе купувате нов телефон, а не сакате „да продадете бубрег“? Имаме неколку предлози


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Гигантите како Samsung, Apple, Google, LG го „држат“ пазарот на паметни телефони. Што по некогаш се чини дека изборот е многу мал и не преостанува ништо друго.

Секако сите знаеме дека тоа не е вистина. Но крајниот корисник нема доволно време за длабоки анализи на останатите произведувачи, кои за третина од цената на гигантите ќе ви понудат подобри перформанси. Телефоните од висока класа како што се iPhone X, Pixel или Note 8 едноставно не се прилагодени за просечните потрошувачи.

Ако телефонот ви е потребен за да ви задоволи некои потреби, а не да го подигни вашиот статус, тогаш погледнете ги нашите предлози.

Lenovo P2

Цената на овај уред е околу 19.000 денари, за оваа цена не очекувајте чуда, но секако ја оправдува платената сума. Овај уред во споредба со другите уреди на пазарот нуди перформанси слични со телефони кои се дури и дупло поскапи. Телефонот има многу добра батерија која долго ќе ви трае, а осмојадрениот процесор и 4GB RAM се повеќе од доволно.

Wileyfox Swift 2

Цената е околу 12.000 денари, но најверојатно во Македонија овај телефон тешко ќе го набавите. Wileyfox е нов произведувач кој е познат како „британски OnePlus“. Има солидна батерија, добра камера и односот цена-квалитет е солиден.

Moto E4 Plus

Ако од телефонот не очекувате чуда, овај телефон ќе ги задоволи вашите потреби. Цената изнесува околу 12.000 денари. Има 3GB RAM, и четворојадрен процесор, но за некои корисници и тоа е доволно. Камера исто така не е нешто специјално, но ако се земе во обзир цената овај уред нуди се што нудат многу поскапи уреди.

Xiaomi Redmi Note 3

Цената на овај уред е околу 9.000 и е најевтин на оваа листа. Дизајнот не е најдобар, но нуди голем екран во висока резолуција. Телефонот не нуди процесор од висока класа, но ниската цена ги оправдува „недостатоците“.

Oppo F1 Plus

За овај телефон треба да платите околу 14.000 денари, дизајнот на овај телефон потсетува на iPhone 6. На видеото подолу може да видите споредба на овај телефон со iPhone 6S, кој треба да го платите трикратно повеќе.

Doogee Mix

Цената на уредот е околу 15.000 денари. Ако судиме според мислењето на експертите, овај телефон нуди многу за цената која ќе ја платите. Откако Doogee изврши ажурирање на софтверот, отстранети се недостатоците кои ги имаше овај уред.

Meizu Pro 7

Овај уред има многу повисока цена од останатите на листата. Цената изнесува околу 30.000 денари, ако сакате селфи фотографии овај уред е вистинскиот. Овај уред нуди дури 6GB RAM, и 128GB внатрешна меморија. Телефонот е изработен од одлични материјали, има солидна батерија и добри перформанси.