Научна реалност

Ќе копа на „Црвената планета“: Сондата InSight од НАСА успешно слета на Марс

Во седиштето на НАСА се славеше откако целиот свет го дочека големиот момент на слетувањето на истражувачката сонда InSight на површината од Марс, на кое бевме сведоци вчера вечер во 20:45 часот.

Сондата е опремена со бројни инструменти , со кои ќе може да се копа и на длабочина од 5 метри под површината на Марс.

Успехот на ова слетување на сондата е особено голем ако се знае дека од вкупно 44 роботизаирани сонди, само 18 успеале да се пробијат на Марс.

Особено беше важно оваа сонда да слета , зашто се очекува да докаже дека на МАРС има вода , односно дека било можно во далечното минато да постоел живот. InSight патуваше до Марс со брзина од 20 000 километри на час и се спушти на црвената планета под агол од 12 степени.

При спуштањето , најкритични беа последните седум минути , кога сондата ја намали брзината од 20 000 на 1 600 километри на час за само две минути. Тогаш модулот се загреа на 1 482 степени целзиусови , темепратура доволна да се растопи челик.

Advertisements
To Top