Ќе имаме ден за мерак: Сончев и топол четврток


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 18 до 27 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 6 и дневна до 27 степени.

До петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и ќе дува умерен јужен ветер, особено изразен вдолж Поварадарието. Температурата ќе биде во пораст. Потоа облачноста ќе се зголеми, а најоблачно преку целиот ден ќе се задржи во сабота, додека во наредните денови ќе има подолги сончеви периоди.

Од сабота до вторник во попладневните и вечерните часови ќе има локален дожд, кој краткотрајно можно е да биде пороен и проследен со ретка појава на грмежи.

Во недела ветерот ќе се промени во северен и тоа ќе услови спуштање на дневната температура за 4 до 5 степени во однос на претходниот ден.

Од понеделник температурата повторно ќе биде во пораст.