Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со оглед на излезноста до 17ч. очигледно е дека ќе има цензус, односно бојкотот дека нема да успее. Прашање е само кој ќе биде петтиот претседател на Македонија, прв по промената на името!
До 17 часот гласале 665.985 гласачи, или 38,27 отсто, според обработените податоци од 95,53 гласачки места, соопшти попладнево претседателот на ДИК, Оливер Деркоски. Со оглед на овој тренд, извесно е дека до 19 часот неопходниот цензус од 40 отсто ќе биде постигнат и надминат. Меѓу општините во кои има поголема излезност се Аеродром со 45,49%, Делчево 50,55%, Демир Капија 60,28%, Кочани 45,04, Кратово, 55,76, Крушево 59,68%.
Помала оизлезност е регистрирана во Арачиново 26,18%, Боговиње 14,04%, Брвеница 27,05%, Гостивар 19,59%, Липково 19,94%.
Инаку изборите поминуваат мирно, со ситни нерегуларности, сликање на ливчиња, организирано носење на гласачи на гласачко место, како и помали инциденти во избирачките места.
Така МВР објави дека било пријавено дека надвор од гласачкото место биле пронајдени околу 10 летоци со содржина во врска со претседателските избори зад ОУ „Невена Георгиева – Дуња” во Скопје, а слични летоци биле расфрлани и во две згради на улица „Коста Новаковиќ”. Од Општинската изборна комисија на гласачко место број 0764 во село Другово, Кичевско, било пријавено дека Ј.Ј. со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Лицето било повикано во полициска станица, а известен бил и јавен обвинител. Заменик-претседател на Избирачкиот одбор на гласачко место број 2666 во ОУ „Златан Сремац” во Кисела Вода, пријавил дека В. Ч. (31) од Скопје со мобилен телефон го сликал Избирачкиот одбор. Од страна на полициски службеници лицето било задржано за понатамошна постапка. Од општинскиот огранок на политичка партија од Чешиново-Облешево било пријавено дека две лица од Облешево со патничко возило вршеле агитација во селото. Полициски службеници излегле на терен, но не биле потврдени наводите од пријавата.