Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бившата министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, нема да оди на отслужување затворска казна на 1. јули.
Врховниот суд на чело со Јово Вангеловски засега ù овозможи слобода летово и одлучи таа да не оди во затвор и го одложи извршувањето на казната. Причина е поднесеното барање за вонредно преиспитување на пресудата. Јанкулоска беше осудена на шест години затвор за набавката на луксузниот блиндиран Мерцедес.
Но, Апелација казната и ја намали на четири, а Кривичниот суд и одреди да се јави во затвор идниот понеделник. Но, Врховниот суд засега ја спаси од затвор, сè додека не донесе конечна одлука. Инаку Јанкулоска е обвинета во повеќе случаи на СЈО.