Ќе има полемики: Ова се дресовите на Реал за следната сезона (фото)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Додека Флорентино Перез преговара за нов договор со „Адидас“ кој ќе ги сруши сите рекорди во европскиот фудбал, низ медиумите се појавија новите дресови на Реал Мадрид за следната сезона.

Официјалната промоција на дресовите ќе се случи веднаш по завршувањето на Светското првенство во Русија, односно во јули.

Дизајнот на главниот дрес ќе биде прилично традиционален, класично бел со истакнати црни линии. Комплетот потсетува на дресот кој Реал го донесе во сезоната 2005/06.

Дизајнот на втората гарнитура ќе биде доста авангарден и веќе предизвика доста полекими кај фановите….Како вам ви се допаѓа новиот „кралски“ дрес?