Ќе „горат“ плажите од сексапил: Бикини наопаку – нов жежок летен тренд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најновиот летен хит меѓу убавиците на Инстаграм е модната треска „бикини наопаку“ – моден тренд чие име самото кажува за што се работи, другото е прашање на визуелизација.

Многу жени тврдат дека овој бикини тренд оддава впечаток на поголеми гради, а други критикуваат дека станува збор за непрактичен тренд кој е добар само за фотографирање и толку, бидејќи не нуди потпора за гардите. Трендот го иницираше италијанската манекенка Валентина Фрадеграда.

Станува збор за носење на горниот дел од дводелните бикини наопаку, со врзување на врвката точно на градите, со што се дава поголема „транспарентност“ на градите отколку при класичниот и нормален начин на носење. Но, воедно се зголемува и ризикот за несакано „испаѓање“ на градите.