Ќе го повлечеме и последниот хрватски војник: Хрватска не планира да војува за корумпираната Украина


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ потенцира дека Хрватска нема на ниту еден начин да се инволвира во било каква воена акција во Украина.

– НАТО ја зголемува безбедноста, ние не мораме ништо да направиме околу тоа, ниту, пак, ќе направиме нешто во иднина. Доколку дојде до ескалација ќе го повлечеме и последниот хрватски војник. Тоа нема врска со Украина, туку со политиката на Бајден (Џо), во што гледам конзинстентност и опасно однесување. Ова се случува во предградието на главниот град на Русија, а постојат начини да се сочува Украина, барем во 99 отсто – вели Милановиќ.

Хрватскиот претседател вели дека администрацијата во САД е под притисок цврсто да се претстави пред руските интереси.

– Кога си замина Трамп, кого демократите го напаѓаа дека се однесува како дадилка кон политиката на Путин, новата администрација е под постојан притисок од „јастребите“ во Републиканската партија, кон Русија да се однесуваат цврсто. Можам да го видам интересот на Русија, како и интересот на Украина. На Украина местото не и е во НАТО. Тоа е една од најкорумпираните земји во светот. Потребен е мир, да ја смириме политичката тензија и затоа Хрватска нема да учевствува во тоа – додаде Милановиќ.