Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вицепремиерот Кочо Анѓушев најави промена во односите на државата кон инвеститорите од слободните индустриски зони.
Во прашање ќе бидат доведени придонесите кои сега ги плаќа државата, односно фирмите истите ќе треба сами да ги покриваат.
“Владата ќе бара законски можности за декласифицирање на делови од договорите потпишани со странските инвеститори што се однесуваат на директната државна помош. Само така ќе се знае кој инвеститор колку пари од буџетот добил и ќе се согледа дали придобивките од СДИ ги надминуваат трошоците што ги прави земјата за нивно привлекување.” „Досега од политиката на привлекувањето на странските инвестиции не видовме големи ефекти. Да, точно е дека се вработија 22.000 лица, но колку пари се потрошени за овие работни места? Инвеститорите треба да бидат безбедни затоа што како држава ќе ги испочитуваме договорите кои со нив се потпишани. Но од досегашните анализи видовме дека соработката со македонските фирми е минимална. Ние ќе побараме нов модел, затоа што ако не расте економијата тогаш ваквиот модел е неодржлив. Јас буквално на средба со странските инвеститори ги молев да соработуваат со домашните компании.“
„Никој нема да биде со ништо оштетен, ние и понатаму ќе привлекуваме странски инестиции. Ќе ја објавиме вкупната бројка на пари, потрошена за привлекување на инвестициите.“ најави декласифицирање на договорите и промена на односите со странските инвеститори Кочо Анѓушев.
Видете го прилогот на ТВ24: