Ќе добиела инфаркт: Стигнала сметка за струја од 284 милијарди долари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мери Хормоновска, жителка на Пенсилванија (САД) останала со „крената коса“ и на работ на срцев удар кога на интернет ја проверила сметката за струја каде пишувало дека таа изнесува 284 милијарди долари.

За да биде апсурдот уште поголем, Мери помислила дека божиќните украси ја направиле сметката толкава. Потоа, таа заедно со нејзиниот син ја контактирале компанијата Пенелек, којашто ги снабдува со струја.

Од компанијата ја известиле дека станува збор за грешка и оти всушност сметката изнесувала 284,46 долари.

„Сега веќе знам што сакам син ми да ми подари за празниците… Му реков дека сакам апарат за следење на работата на срцето“, вели Хормански.