Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од МВР ја информираат јавноста дека вчера вечерта, околу 19 часот, е пронајден и санкциониран Б.А. од Арачиново, кој претходно во текот на вечерта, со патничко возило се движел по плоштадот во Скопје и ја загрозил сигурноста на присутните граѓани.
„Министерството за внатрешни работи и во наредниот период најостро ќе ги санкционира сите кои ќе го нарушат јавниот ред и мир и ќе ја загрозат безбедноста на граѓаните“, се вели во соопштението.
Иронијата е што на безобразникот му е пишана казна од 45 евра, што предизвика револт и реакции на социјалните мрежи. Некои од поироничните коментари беа дека „требало да помине уште еднаш вака со автомобилот, плус без да носи маска, за да му се соберат 100 евра казна на рамното“ и слично.
Снимката од овој инцидент вчера се споделуваше на социјалните мрежи. На не се гледа како еден автомобил од марката Бентли, поминува на среде поставените украси на плоштадот „Македонија“ каде што граѓани се движат.