Казната на Мбапе му ја носи „Златната копачка“ на Меси


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе денеска ја дозна казната за црвениот картон кој го доби во натпреварот против Рен во финалето од Купот на Франција.

Нервозниот Мбапе во финишот од второто продолжение жестоко стартуваше над противникот, а судијата во истиот момент и без размислување му го покажа патот кон соблекуваланта.

Денеска Фудбалскиот сојуз на Франција го казни за овој картон. Мбапе е суспендиран на следните три натпревари и нема да го гледаме во дресот на ПСЖ во следните три дуели.

Тоа значи дека готово сигурно „Златната копачка“ и оваа година ќе ја освои ѕвездата на Барселона, Лионел Меси.

Аргентинецот до овој момент има 34 гола во Примера, додека Мбапе е со четири гола помалку. До крајот 20-годишниот напаѓач ќе има шанса да одигра само уште еден меч во Лига 1.

Од друга страна на Меси му преостануваат уште четири меча во Примера и можност да ја зголеми разликата.

Ова за Аргентинецот ќе биде трета ваква награда по ред и вкупно 6-та во кариерата, што претставува рекорд.