Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Пет египетски „инфлуенсерки“ беа осудени на 2-годишна казна затвор и парична казна од речиси 19.000 долари заради објавување на „непристојни видеа“ на Тик Ток, пренесува ВВС.
Затворската казна за овие пет млади жени е прва која е изречена во рамки на кампањата на властите против инфлуенсерите на социјалните мрежи.
Како одговор на одлуката на судот, активисти започнале онлајн кампања, барајќи осудените жени да бидат пуштени на слобода.
На официјалната државна веб страна е наведено дека жените се обвинети за уривање на вредностите и принципите на египетското општество и заради објавување на непристојни фотографии и видео снимки кои го навредуваат јавниот морал.
Три жени се исто така осудени и заради учествување во непристојни видео повици со мажи.