Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На 47-годишниот џудо тренер од Прилеп Рубин Пеески му беше изречена казна затвор од 20 години за обљуба на 4 малолетни девојчиња кои биле членки на неговиот клуб и тој ги тренирал.
Според Основиот суд во Прилеп Пеески е обвинет за извршување на друго полово дејствие, односно тој не извршил сексуален чин врз малолетничките, кои наполниле 14 години, туку пред и по тренинзите тој се дружел со децата и за време на тие дружби тој ги гушкал, бакнувал и ги допирал децата на интимните и полови органи.
Овие дејствија се извршувале во текот на повеќе месеци во 2020 година, а јавноста за овој грозоморен чин дозна откако еден од родителите на децата го пријави случајот во полиција, а потоа се охрабрија и други ученички кои ги потврдија случаите на злоупотреба.
Портпарлот на Основниот суд Прилеп, Жарко Велески, истакна дека Пеески е осуден за 2 продолжени кривични дела, обљуба со злоупотреба на положбата по член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со члена 45 став 1 од казнениот законик. И за две кривични дела обљуба со злоупотреба на положбата по член 189 став 2 во врска состав 1 од казнениот законик.
Инаку судијата Велески истакна дека ова е една од најголемите казни што досега ја изрекол Основниот суд во Прилеп, односно втора според висината.
Највисоката изречена казна во Прилеп е казната доживотен затвор која ја доби еден 52 годишен прилепчанец кој исто во 2020 година изврши двојно убиство, односно ги уби неговата сопруга и нејзината мајка на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп.
Од судот истакнаа дека не можат да изнесуваат повеќе детали околу овој случај затоа што станувало збор за крајно чувствителна материја поради малолетниците.
Инаку освен казната затвор Основниот суд во Прилеп на Пеески му изрече и забрана за вршење на оваа дејност во траење од 10 години. Инаку неколку месеци пред да се случи овој скандал џудо Федерацијата на Македонија го исклучи Пеески и неговиот клуб од неа поради тоа што тој не се придржувал до одредени протоколи во Федерацијата.
Откако пак изби скандалот на Пеески му беше одземена и лиценцата за работа од страна на Агенцијата за млади и спорт.