Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според сообраќајните закони и прописи кои важат во Грција, ако носите влечки кога управувате со автомобил, предвидена е казна од 50 евра, но полошо од тоа е што полицијата поради овој прекршок може да ви ја одземе возачката дозвола на еден месец.
Ова е особено непријатно за сите наши туристи кои патуваат со автомобил во некои од грчките летувалишта.
Возењето во папучи или отворени обувки е забрането бидејќи може да му отежнува на возачот за време на маневрирањето, а полицијата освен на главните патишта, ги контролира и приодите на плажите.
Грчката сообраќајна полиција ригорозно казнува за алкохол, за појас и пушење во возилото во присуство на деца, објавија грчките медиуми.