Казахстан го промени името на престолнината – ја нарече по довчерашниот претседател!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Астана, престолнината на Казахстан, повеќе нема да биде позната по тоа име.

Казахстан го преименуваше главниот град Астан во Нур-Султан, во чест на лидерот Нурсултан Назарбаев, кој минатата недела неочекувано поднесе оставка, по речиси 30 години на власт.


Новиот претседател на Казахстан, Касим Жормат Токајев, го потпиша указот за преименување на престолнината. „Да се преименува Астана – престолнината на републиката Казахстан во град Нурсултан – престолнината на Република Казахстан“, стои во документот. Указот стапува на сила од моментот на официјалното објавување.


Првиот претседател на Казахастан, Нурсултан Назербајев, на 19-ти март објави дека поднесува оставка. Тој својата власт му ја предаде на Токајев, како претседател на парламентот – тој ќе ја врши должноста претседател до наредните избори планирани за 2020-та година.


Ова е четврти пат во последните 60 години, главниот град да го промени името, а некои жители и опозициски политичари протестираа против најновата промена. Градот со околу еден милион жители, каде што температурите се движат од -40 во зима до 40 степени во текот на летото, претходно се викаше Акмолинск, Тселиноград и Акмола пред да биде наречен Астана или „главен град“, кога Назарбаев 1997 година таму ја префрли престолнината од Алмати.