Кавгата меѓу Америка и Русија стигна до вселената


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Пензионираниот астронаут на НАСА, Скот Кели, кој помина рекордни 340 дена на Mеѓународната вселенска станица, на неговиот Твитер профил објави статус во врска со случувањата за време на руската инвазија на Украина, во обид да одговори на лажните информации.

После тоа дојде до кавга меѓу него и Дмитриј Рогозин, директор на руската вселенска агенција Роскосмос, при што Русинот ја критикувал НАСА и нејзините европски партнери за проектот за меѓународната вселенска станица.

„Пркосни сте и деструктивни. Можеби сте развиле деменција и сте станале агресивни поради преоптоварување и стрес по четири вселенски мисии. Мислам дека треба да го испитате вашиот мозок во институтот на нашата федерална медицинска и биолошка агенција“, напиша Рогозин на твитер.

Директорот на Роскосмос, наводно, му напишал на твитер: „бегај, глупаку ! Во спротивно смртните случаи на меѓународната вселенска станица ќе бидат на твоја совест“