Home Актуелно Кацарска до обвинетите за крвавиот четврток: „Престанете да им се заканувате на сведоците!“

Кацарска до обвинетите за крвавиот четврток: „Престанете да им се заканувате на сведоците!“

Судијката Добрила Кацарска во чија надлежност е судската постапка за предметот во кој се судат обвинетите за собранискиот упад и насилствата од крвавиот четрток, на почетокот на денешното судско рочиште ги предупреди некои од обвинетите да престанат со јавувања, закани и притисоци кон сведоците.

„Обвинетите да престанат да ги малтретираат сведоците. Да престанат да им се јавуваат, да бараат средби со нив, да им се закануваат“, рече Кацарска. Таа не прецизираше кој од обвинетите се заканувал. На денешното рочиште за насилниот упад во Собраниетио треба да сведочат четворица сведоци кои се вработени во МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…