Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Папата одржа традиционална полноќна миса на Бадник, а со тоа започна и прославата на Божиќ, раѓањето на Исус Христос, според Грегоријанскиот календар.
Мисата ја искористи папата за да упати апел да се сакаат ближните и да се негува гостопримството.
Исто како некогаш Марија и Јосиф, денес милиони луѓе се принудени да ја напуштат својата татковина, „зашто се протерани од својата земја. Во многу случаи бегството е во надеж за подобар живот, но во многу случаи тоа има само едно име: преживување“, рече поглаварот на Римокатоличката црква.
Никој на овој свет не треба да чувствува дека за него нема место во него, истакна 81-годишниот папа, роден во Аргентина како син на италијански доселеници. На #ФотографијаНаДенот: папата Франциско ја бакнува статуата на бебето Исус во базиликата Свети Петар во Рим.