Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева очигледно има проблем со термините политичар и политички азил, па тврдеше дека поранешниот премиер Никола Груевски не бил политичар, па не смеел да бара азил.
Во синоќешната емисија „Правда и Неправда“ на 1ТВ, Катица Јанева тврдеше дека Груевски нема право на политички азил, затоа што не бил политичар. На ваквото тврдење интервенираше новинарката Гордана Дувњак, која на Јанева и рече „Велите не е политичар, тој можеби не е политичар на функција но се уште е почесен претседател на политичка партија.“
-Но тоа не значи дека е политичар! – триумфално поентираше специјалната обвинителка, по што новинарката Дувњак, за да ја извади Јанева од очигледните елементарни непознавања, одлучи да ја смени темата.
Изјавата на Јанева е околу 18-та минута од видеото: