Катица Јанева тврди: Никој не може да ме разреши од функцијата во СЈО


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првата специјална обвинителка, Катица Јанева, во изјава за медиумите потврди дека не планира да се откаже од функција во Специјалното јавно обвинителство, иако во преговорите меѓу власта и опозицијата за СЈО се зборува и за нејзина смена.

Барањата на ВМРО-ДПМНЕ за кадровските промени во СЈО ги смета за политички. Јанева дури најавува дека ќе се кандидира и за втор мандат по истекот на тековниот во септември.

„Барањето ниту држи вода, ниту е на место и нема основа. Мене не може да ме сменат, затоа што во законот нема персонални решенија. Се знае што се пишува во закон, ако сме писмени во Македонија за да сфатиме дека тоа не се пишува во закон…Додека можам да бидам специјален јавен обвинител ќе останам до крај, не поради тоа што сакам, туку затоа што сметам дека заслужувам да бидам на чело на оваа институција“, вели Јанева

Специјалната обвинителка не сакаше да коментира дали е потребна лидерска средба за да се најде решение за законот за јавно обвинителство. Но затоа пак, вели дека за бавната разрешница за постапките што ги води одговорни се судовите.

Додека Јанева смета на уште еден мандат, преговорите меѓу министерството за правда и ВМРО-ДПМНЕ стојат во место иако законот за обвинителство е клучен за извештајот на Брисел. Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи вели дека се ближат крајните рокови за договор.

„ЕУ има дадено два рока за да се постигне договор во опозицијата – едниот пожелен и другиот непожелен. Според пожелниот рок, тоа е препорачливо да се постигне до објавувањето на извештајот на Европската комисија, а другиот е до објавувањето на одлуката на Европскиот совет“, рече Османи.

Првиот рок истекува околу 25 мај. Главна пречка во разговорите меѓу власта и опозицијата остануваат предметите на СЈО отворени по истекот на рокот за обвиненија во јуни 2017 година. Нема закажано нова средба меѓу преговарачките тимови. Неофицијално се чека во државата да се врати премиерот Зоран Заев.