Катица Јанева трет ден неоправдано отсутна од работно место


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


До скоро првата специјална јавна обвинителка Катица Јанева веќе трет ден не се појавува на работното место во Специјалното јавно обвинителство. Притоа, за нејзиното отсуство нема поднесено никакво образложение, ниту пак има поднесено барање за боледување, пренесуав Радио Слободна Европа.

Откако во понеденикот Јанева поднесе оставка од нејзината функција во СЈО, која треба да стапи во сила штом се донесе нов закон со кој ќе се регулира статусот на Специјалното јавно обвинителство и штом ќе се избере нејзин заменик, таа не е појавена на работно место. Според досегашниот статус на обвинителството нејзиниот мандат истекува на 15 септември.

Јанева во јавноста се поврзува со предметот на Јавното обвинителство Рекет, во кој, како осомничени, беа приведени и им беше одредена мерка притвор, на Бојан Јовановски и Зоран Милески – Кичеец.