Катица Јанева остана без работа – разрешена од СЈО и од обвинителството во Гевгелија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Советот на јавни обвинители на денес одржаната седница донесе одлука со која беше потврдено дека на шефицата на СЈО, Катица Јанева, ѝ престанува мандатот во тоа обвинителство, но разрешена е и од местото обвинител во Основното јавно обвинителство во Гевгелија.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски, на денешната прес-конференција соопшти дека на денешната седница на Советот на јавни обвинители биле донесени неколку одлуки, меѓу кои и онаа дека е вон сила решението со кое на Јанева ѝ е ставена во мирување функцијата обвинител во ОЈО Гевгелија.

СЈО и ЈО се посебни институции, и со оглед на ова решение Јанева фактички не може да ја врши функцијата, таа е разрешена и останува без работа.

Причината за Советот на јавни обвинители да го укине решението со кое ѝ е во мирување функцијата обвинител во ОЈО Гевгелија, според Колевски е поради нестручно и несовесно работење, односно поради тоа што за неа се води истрага и е во притвор за случајот „Рекет“.