Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Бившата шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева ќе бара да не оди в затвор веднаш.
Издржувањето на затворската казна од 7 години ќе сака да ја одложи најверојатно поради здравствени причини. Адвокатката на Јанева, Ирена Фрчовска за Телма вели дека не може со сигурност да тврди врз основа на што ќе се бара ова бидејќи Апелациониот суд се уште не им ја доставил пресудата. Најави и дека во меѓувреме ќе поднесат и вонреден правен лек до Врховниот суд, но ако не успеат тука ќе се жалат и во Стразбур пред меѓународниот суд за човекови права.
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Рекет“, донесе одлука со која жалбите на обвинетиот Бојан Јовановски од Скопје, обвинетата Катица Јанева од Скопје и на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди, соопштија вчера од Судот.
Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева беа прогласени за виновни во случајот „Рекет“ во јуни лани. Јовановски доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева 7 години за злоупотреба на службената положба и овластување.
Покрај затворските казни, во пресудата има одлука и за конфискација на запленетите работи од Јовановски, меѓу кои имаше 70-тина вреќи брендирана облека, уметнички слики, мебел.