Катица Јанева ги „шие“ Заев и Груевски, кај граѓаните е поомилена од политичарите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Специјалната обвинителка Катица Јанева предничи пред сите политички лидери, таа е поомилена и од Зоран Заев и од Никола Груевски, покажала најновата анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

Според анкетата 28 насто од граѓаните ја избрале Јанева како многу омилена, а премиерот Заев има 25 насто. Претседателот Ѓорге Иванов е многу омилен за 21 насто, додека лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски има 15 насто. 10 проценти има претседателот на собранието Талат Џафери, а по него со 8 насто следуваат Али Ахмети и Зијадин Села.

На прашањето кои тројца министри би ги издвоиле како омилени, 15 насто го избрале премиерот Зоран Заев, 9 насто министерот за здравство Арбен Таравари, 5 насто министерот за надворешни работи Никола Димитров, додека 32 насто одговориле ниту еден.

Пред локалните избори, дури 69 насто сметаат дека треба да се промени локланата власт, а ако изборите се одржат денеска 19 проценти би гласале за кандидатите на СДСМ, 18 проценти за ВМРО ДПМНЕ, за ДУИ 7 насто, за Алијансата 5 и за БЕСА 4 насто. А дури 20 насто одговориле дека не се одлучиле или пак нема да гласаат.

Анкетата на Институтот е спроведена од 4 до 21 август, теренски лице в лице, на репрезентатаивен примерок од 1105 испитаници, со предвидена грешка од + – 3 насто.