Катица Јанева доби домашен притвор – маскирана спроведена од Шутка (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со одлука на Апелациониот суд, бившата специјална обвинителка и прв човек на СЈО, Катица Јанева, попладневно замина во домашен притвор.

Освен домашен притвор, судот за Јанева определи и мерки за претпазливост, односно забрана да комуницира со лицата опфатени во случајот „Рекет“, таа не смее да ја напушти земјава ниту со лична карта, и го одзеде пасошот и има забрана за издавање на нов.

„Фатете ме за двете раце“, им рече Јанева на полицајците при спроведувањето од притворското одделение во Шутка. Таа, пак, со покриено лице и со капа на главата ги одбегна новинарите и замина во станот на нејзиниот син во Центар.

Јанева е третоосомничена во случајот „Рекет“, а денеска Апелација донесе одлука да и биде укинат притворот и заеменет со куќен притвор.

Еве видео снимка од спроведувањето од полициското комбе до станот во Скопје.

Видео: ТВ21