Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во рамки на репортажата која Телма ја направи за притворската зграда во Шутка, меѓу другите евидентни катастрофални услови во кои се чуваат и третираат притворениците, имаше фатено и еден по малку комичен и смешен момент.
Некој од притворениците, изразувајќи го својот цртачки талент, на еден од ѕидовите од ќелиите, една до друга ги нацртал специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и светски познатата пејачка Рита Ора.
„Катица обвинителка Јанева и Рита Ора пишува до двата цртежи од женски фигури, кои се само дел од останатата ’збирка‘ која стои на притворските ѕидови“.
Во притвор има само неколкумина кои се дел од истрагите на Јанева, но има и многу други притвореници кои живеат во лоши услови, со децении не е реновирано, па ќелиите изгледаат како одаи за мачење. Темни и страшни, понижувачки.
Женските одаи се ретки, вкупно 16 притворенички имаше. Се разликуваат, попристојни се, почисти. Женски списанија, книги или среќни приказни за живот на британска принцеза. Тоа им е четивото.
Државата до 2023-та треба да изгради нов истражен затвор во Идризово, но дотогаш притворениците ќе живеат во Шутка каде мора да се подобрат условите. Каде сликата на слободниот гулаб зад решетките е сцена од реалноста не од филм.
Еве ја целосната репортажа која Телма ја направи во притворската зграда во Шутка.