Катица Јанева денес на распит кај Вилма Русковска за „Рекет“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес, со почеток во 10 часот, кај јавната обвинителка Вилма Русковска треба да започне распитот и сведочењето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за случајот „Рекет”.

Во аудио снимките објавени во италијанскиот весник „Ла верита” во телефонски разговор се слуша и гласот на Јанева како му вели на бизнисменот Орце Камчев да не се секира, „сѐ ќе биде ОК”. Таа не негираше дека се работи за нејзиниот глас, туку изјави дека била злоупотребена.

Во случајот „Рекет“ осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милески-Кичеец кои се во притвор. Од видео снимките објавени во „Ла верита“ се гледа како Боки 13 и Кичеец од куќата на Камчев изнесуваат еден милион евра. Камчев е еден од осомничените во случајот „Империја“ на СЈО.

Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Јанева ќе сведочи за поврзаноста со Јовановски и за нејзината улога во изнудата од еден милион евра од Камчев.

Свои искази досега за случајот „Рекет“ дадоа специјалните обвинители Бурим Рустеми, Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова, како и шефицата на кабинетот на Катица Јанева.

Вчера во обвинителството беше сослушан и Зоки Милески-Кичеец. Кога ќе сведочи Боки 13 засега не е познато.

„Рекетот не би можел да биде изведен без аминот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева“, изјави адвокатот Александар Тортевски во разговор со „Фокус“. Тој, повикувајќи се на својата (и адвокатска) интуиција, смета дека без јавување(то) од Јанева Боки 13 и Зоки Кичеец немало да можат да го спроведат „поткупот“, односно да ги наплатат парите.

„За мене тоа е поткуп, а не рекет. Боки не можел да го изврши земањето на парите без сигнал од Катица. Но истрагата треба да го покаже тоа, а истрагата треба да се води со ладна глава и трезвено, настрана притисоците од јавноста. Секое лицитирање од страна на јавноста сега енекоректен притисок кон обвинителите“, смета Тортевски.

Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Зоки Кичеец, обвинителството ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.