Катица, Боки и Кичеец денес во обвинителна клупа за случајот „Рекет“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во рамки на денешното прво судско рочиште за случајот „Рекет“, во обвинителна клупа на скопскиот Кривичен суд денес ќе седнат Бојан Јовановски, Зоран Милевски-Кичеец и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева.

Tројцатa обвинети денес, по четири месеци откако беше отворена истрагата, ќе се видат во судница, бидејќи досега им беше забрането да комуницираат. Јовановски ќе биде донесе од истражниот затвор Скопје, а Јанева и Кичеец од домашен притвор, пренесува Фокус.

Обвинетите досега имаа шанса, но не се спогодија со обвинителството. Сега, седнати на обвинителна клупа ќе имаат можност уште на првото рочиште да признаат вина и за нив судњето тука да застане, или пак да се изјаснат за невини, по што ќе следува доказната постапка.

Јанева е обвинета за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, за што ѝ се заканува затворска казна од најмалку три години затвор. Боки 13 кривично се гони за две дела и тоа „Примање награда за противзаконито влијание“, за што е предвидена затворска казна од 1 до 10 години, и за „Перење пари и други приноси од казниво дело“, за што исто така е предвидена затворска казна од 1 до 10 години. Кичеец, пак, е обвинет за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ според член 359 став 7, за што му се заканува затворска казна од 1 до 10 години.