Катерпилар го припреми смартфонот С61, ќе чини 899 евра!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Компанијата Катепилар е позната по своите возила за градежништво, но влезе и во пазарите со смартфони пред неколку години.

Сега за претстојниот Светски конгрес за телефони спремиле смартфон кој ќе биде наследник на С60 класата. Се работи за многу издржлив смартфон кој е опремен со термална камера и можност за правење фотографии на температура од -20 до 400 целзиусови степени.

Исто така овој смартфон овозможува и пренос во живо од она што камерата го снима. Се очекува овој смартфон да биде многу корисен за електричарите и работниците кои работат во рудник.

Покрај подобрената термална камера, уредот ќе поседува и сензор за квалитет на воздух кој е произведен од компанијата Сензирион. Кај овој смартфон на располагање е и ласер со кој ќе може да се мери растојание.

Овој смартфон е изработен според стандард ИП68, и со тоа е отпорен на прашина и вода. Исто така може да се користи и со влажни раце или пак со ракавици.