Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според статистичките евиденции на Лекарската комора, поразителен е податокот дека скоро 800 лекари во изминативе 5 години си заминале од Македонија селејќи се во некоја странска земја.
Најмалку барања има во 2017 година -120, а најмногу во 2018 – 178 барања. Во 2015 година бројот изнесува 171, во 2016 година -162, а до декември годинава -163.
Но од Лекарската комора објаснуваат дека тие не располагаат со прецизен податок за бројот на доктори кои заминале да живеат и работат во странство, туку тие само издаваат потврди.
„Согласно своите надлежности, Комората им издава потврда (good standing) на докторите дека се членови на Комората и дека против нив не се води постапка пред Судот на честа при Лекарската комора. Овие потврди им се неопходни на докторите за едукација во странство, стручен или студиски престој во странство, обука и доусовршување, меѓународни проекти како и на оние кои заминуваат да живеат и работат надвор од Македонија“, велат од комората.
Оттаму информираат дека во изминатите 5 години во Комората стручен испит положиле 1.820 доктори на медицина… Од вкупниот број на доктори на медицина кои го положиле стручниот испит во 2019 година, 60% се изјаснале дека својата иднина ја гледаат во Македонија.
Споредени изминативе две години од оние кои добиле лиценца за работа, 136 доктори се вработиле во здравствени установи низ државата во 2018, а оваа година до месец ноември нивниот број изнесува 98 доктори.