Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Алармот е конкретен, непобитен и неодложен – горат белите дробови на планетата Земја. Жестоките пожари кои пустошат во Амазонската прашума, најголемата прашума во светот, добија најголем размер откако бразилскиот Национален институт за вселенски истражувања (ИНПЕ) почна да ги следи со сателит во 2013 година.
Според нивните податоци, од почетокот на годината во Бразил избиле повеќе од 72.000 пожари, од кои повеќе од половината во Амазонија, која самата е голема колку половина САД. Тоа е зголемување од 83 отсто во однос на минатата година, јавуваат агенциите.
ИНПЕ извести дека само од минатиот четврток се забележани повеќе од 9.500 пожари и дека секоја минута од секој ден гори по едно и пол фудбалско игралиште прашума.
Чадот од овие пожари, кој сега се гледа од вселената, се шири сѐ до брегот на Атлантскиот Океан, па така во понеделникот го покри 2.700 километри одалечениот Сао Паоло и го претвори денот во ноќ на околу еден час.
Амазонија го нема случајно прекарот „белите дробови на планетата“. Оваа голема прашума произведува дури 20 отсто од кислородот кој завршува во атмосферата. Како што климатските научници одамна истакнуваат, токму шумите, кои служат како резервоари за јаглерот и произведувачи на кислород, се клучната одбрана од глобалното загревање предизвикано од гасовите со ефект на стаклена градина. А токму јаглерод диоксидот, кој дрвјата го апсорбираат, е главниот таков гас.
Видовите во Амазонија изумираат пред да ги откриеме
Освен тоа, Амазонија е дом на неброени растителни и животински видови, од кои голем број не сме ги ни откриле. Како што утврди ВВФ (Светскиот фонд за заштита на природата) утврди во извештај од пред две години, научниците во просек откриваат нов вид секој втор ден.
Но, неконтролираното расчистување на кое Амазонија е подложена со децении значи дека „многу од тие видови може да изумрат пред воопшто да добиеме шанса да ги откриеме“, предупреди тогаш Сара Хачисон, лидерката на програмата на ВВФ за Амазонија и Бразил.
Smoke from wildfires in the #AmazonRainforest spreads across several Brazilian states in this natural-color image taken by a @NASAEarth instrument on the Suomi NPP satellite. Although it is fire season in Brazil, the number of fires may be record-setting: https://t.co/NVQrffzntr pic.twitter.com/4JTcBz9C8f
— NASA (@NASA) August 21, 2019
А дефорестацијата, или расчистувањето на шумата за добивање на земјиште за земјоделство и сточарство, сѐ повеќе забрзува.
Шумските пожари во Бразил се најчести за време на сушната сезона, но познато е дека дел од нив намерно се предизвикуваат за нелегално да се расчистуваат шумите и да се добие простор за одгледување стока. Освен сточарите, Амазонската прашума на око ја имаат и дрвосечачите и рударите.
Популистот Болсонаро ги нападна еколошките организации
Еколошките активисти за пожарите го обвинуваат бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, националист и популист. Тие тврдат дека тој ги намалил еколошките регулативи во земјата и ги поттикнува земјоделците и дрвосечачите на расчистување на шумите.
Болсонаро во предизборната кампања минатата година вети дека ќе го поттикне економскиот раст со тоа што ќе ја отвори Амазонија за економско искористување. Последиците беа видливи и пред големите пожари да почнат да ја голтаат Амазонија. Казните за нелегално сечење шума паднаа за 34 отсто во периодот од јануари до мај годинава во однос на минатата. Тоа е најголемиот некогаш забележан пад.
Бразилскиот претседател во кампањата фрлаше сомнеж и на глобалното затоплување и сугерираше дека може да го повлече Бразил од Парискиот климатски договор, како што направи американскиот претседател Доналд Трамп. Засега не тргна по неговиот пример.
Понатаму, буџетот на бразилскиот Институт за животна средина и обновливи извори на енергија е намален за дури 23 милијарди долари. институцијата задолжена за заштита на сојузните шуми, Институтот Чико Мендез, не извршила ниедна операција на надзор на дефорестацијата од мај. Во првите четири месеци од оваа година заплените на нелегално исечените дрвја паднале речиси на нула, односно на 1.500 кубни стапки, што е еднакво на десет големи стебла.
Болсонаро: Научниците лажат, зелените ги подметнуваат пожарите
Директорот на ИНПЕ Рикардо Галвао падна како прва жртва на војната на Болсонаро против научните факти. Минатиот петок тој беше отпуштен бидејќи ги бранел официјалните податоци, утврдени со помош на сателитските снимки, дека дефорестацијата во јуни годинава била 88 отсто поголема од лани, кога Болсонаро сѐ уште не беше на власт. Го смени министерот за наука и технологија Маркос Понтес, а заменет е со поранешен воен офицер, што е и самиот Болсонаро.
Болсонаро инсистира на тоа дека податоците кои не му одговараат се едноставно „лаги“ кои им штетат на трговските преговори кои ги води неговаа администрација.
Затоа, десничарскиот бразилски претседател најде друг виновник – невладините организации (НВО) кои се бават со заштита на животната средина.
„Криминал постои и мора да се осигуриме дека овој тип на криминал не се зголемува. Им ги земавме парите на „енвеовците“. Тие сега ги чувствуваат последиците од недостигот од средства. Затоа, можеби овие НВО типови ги вршат овие криминални дела за да создадат негативно внимание против мене и против бразилската влада. Тоа е војната со која сме соочени“, кажа Болсонаро вчера, алудирајќи дека пожарите ги подметнуваат еко-активистите, а не земјоделците и рударите, кои тој ги поддржува.
Parts of the #AmazonRainforest are on fire.
The world’s largest tropical forest has been burning for 3 weeks now.
The blazes have grown so intense that they blacked out the sky above #SaoPaulo, #Brazil.
The state of Amazonas has declared an emergency. @NASA captured images. pic.twitter.com/UveKaGqOQg— Amanda Russo (@Amanda_Russo12) August 21, 2019
Нормално, за тоа не понуди никаков доказ, а не ги именуваше ни тие „зелени пиромани“ кои според оваа неверојатна теорија на заговор, го уништуваат она за чија заштита се борат. Научниците пак се сложни дека пожарите по правило се подметнуваат за земјоделски и индустриски операции, пишува Ројтерс.
„Ова е без сомнеж еден од само двата пати кога избиле вакви пожари. Нема сомнеж дека тоа е последица на неодамнешното зголемување на дефорестацијата“, истакнува екологот на Нешнал џиографик Томас Лавџој. Еколошката Едриен Малберт исто така објаснува дека претходните години избивањето на пожарите главно било последица на сушата, но оваа година е прилично влажна, поради што сѐ посочува на расчистувањето на шумите како причина.
Гринпис во јули изјави дека Болсонаро и неговата влада претставуваат „закана за климатската рамнотежа“ и предупреди дека долгорочно неговата политика нема да ѝ помогне на бразилската економија, туку дека и за неа ќе има „тешка цена“.
Бидејќи ако расчистувањето на Амазонија ја достигне точката од која нема враќање, предупредува ВВФ, најголемата прашума во светот ќе се претвори во сува савана. А целиот јаглерод диоксид што го складирала со милиони години ќе се испушти во атмосферата, дополнително зголемувајќи ја опасноста од катастрофално глобално загревање.
Кристијан Поијер, директор на непрофитната организација Амазон воч, вели дека Амазонија се движи кон потенцијална катастрофа.
„Амазонија е неверојатно важна за нашата иднина. Ова не е драматизирање. Сведочиме на невидена деструкција, не само на Амазонија, туку на целата планета“, вели тој.