Катарина Радивојевиќ се огласи за кавгата со продуцентката!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога во медиумите се појави приказната дека останала без улогата во серијата Ургентен центар затоа што во текот на снимањето на првата сезона ја нашамарила продуцентката, Катарина Радивојевиќ не беше достапна за коментари.

Актерката за тоа време беше во Америка, а штом се врати ја раскажа својата страна за приказната.

„Не е вистина, тоа е лага и ќе го докажам на суд“, рече Катарина.

Својата отсутност од серијата ја оправдува дека не и дале доволно плата.

„Моето право е како уметник да се борам да бидам нормално платена. Тоа е всушност причина зошто не соработував во втората сезона. Навистина не очекував таква рекација“, вели таа.