Каталонците тврдат: Постигнат договор, Барса го доби првото засилување!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каталонскиот весник „Мундо Депортово“, кој е многу близок до Барселона, тврди дека Каталонците постигнале договор со Севиља за трансфер на дефанзивецот Клеман Ленгле.

Претставници на двата клуба имале две средби и пуштиле рака за трансфер вреден помеѓу 30 и 35 милиони евра, а Ленгле ќе потпише 5-годишен договор со Каталонците.

Ленгле одигра фантастична сезона во дресот на Севиља и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Примера, па на „Камп Ноу“ доаѓа по барање на тренерот Ернесто Валверде.

22-годишниот дефанзивец сигурно пристигнува на „Камп Ноу“ независно дали Умтити ќе остане или не.