Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Каталонската влада соопшти денеска, еден час пред почетокот на планираниот референдум за независност на Каталонија дека тој ќе се одржи и ги повика избирачите да гласаат на кое било изборно место што ќе биде отворено во случај шпанската полиција претходно да затвори биралиште.
Тие соопштија дека гласачите може да ги искористат гласачките листови кои само би го отпечатиле дома.
Локални медиуми јавуваат дека нови гласачки ливчиња веќе се на изборните места.
Првите проценки за излезноста на бирачите на референдумот кој Мардид го оспорува, ќе бидат соопштени напладне.