Каталонија во шок: Франс Фудбал веќе ја додели „Златната топка“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пред два дена еден од најреномираните спортски весници „Франс Фудбал“ објави насловна со Кристиано Риналдо и го постави прашањето „Кој може да го победи во траката за Златната топка“. Оваа насловна предизвика особено оштри реакции во Каталонија.

„Франс Фудбал“ иначе ја доделува наградата „Златна топка“ за најдобриот фудбалер на светот, па медиумите блиски до Барселона ова го видоа како отворено лобирање за фудбалерот на Реал Мадрид.

Францускиот весник во текстот напиша дека ѕвездата на Бара, Лео Меси нема повеќе шанси, бидејќи во историјата само еден играч ја освоил оваа награда, а претходно да не поминал четвртфинале во ЛШ. Тоа беше Фабио Канаваро кој освои Светско првенство во 2006 година.

Весникот тврди дека најсериозен кандидат на Роналдо ќе биде некој играч на Јувентус, како на пример Џиџи Буфон. Меѓутоа, во историјата ниту еден голман ја нема освоено престижната награда.

Веднаш после ваквиот текст во „Франс Фудбал“ пристигна жесток одговор од каталонсите медиуми. „Спорт“ денес објави дека постојат тројца фудбалери кои би можеле да го предизвикаат Роналдо, а тоа се Лео Меси, Џиџи Буфон и Дани Алвеш.

„Мундо Депортиво“ беше особено остар и ги оцени како скандалозни прогнозите на „Франс Фудбал“ уште во оваа рана фаза.