Каталонија ќе прогласи независност на 23 октомври


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон на 23 октомври ќе прогласи независност на Катлонија, објави весникот „Конфиденсиал“.

Според весникот, засега не е познато како властите во Барселона ќе го изведат прогласувањето независност, но не е исклучена можноста тоа да биде сторено на седница на каталонскиот Парламент, свикана по итна постапка.

Весникот нагласува дека на овој начин Барселона сака да прогласи независност пред одржувањето на седницата на шпанскиот Сенат најавена за в петок, на која треба да бидат одобрени мерките на Владата во Мадрид за распуштање на регионалните власти во Каталонија и за распишување на избори во регионот.