Каталонија „ГОРИ“: Гвардиола доаѓа по Меси, „граѓаните“ спремни да ја платат клазулата!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Неверојатни вести пренесуваат островските и каталонските медиуми, управата на Манчестер Сити наводно е спремна да ја плати клазулата на Лионел Меси која изнесува 300 милиони евра!

Секако зад сето ова стои Пеп Гвардиола кој е еден од најзаслужните за блескавата кариера на Аргентинецот, тие заедно во Барселона поминаа четири години и освоија 14 трофеи, а Меси стана најдбриот фудбалер во светот.

Оваа шокантна информација прв ја пренесе реномираниот новинар на „Yahoo Sport France“, Ромеин Колет Гаудин.

Во овој момент се поставува и прашањето дали Барселона ги измами своите фанови кога тврдеше дека новиот договор е спремен. Меси неодамна постави свои барања до управата на каталонскиот гигант.

Аргентинецот сака засилувања, со што Барселона би била конкурентна во Лигата на шампионите, но во овој момент изгледа дека Кутињо и Дембеле кои беа први мети се се подалеку од „Ноу Камп’. Во клубот до овој момент пристигнаа Паулињо и Семедо.

Откупната клазула на Меси изнесува 300 милиони евра и не звучи невозможно „граѓаните“ истата да ја активираат, со оглед на тоа што неодамна ПСЖ за Нејмар исплати 222 милиони евра.