Касиљас посочи кои се најдобри голмани во светот во моментов!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Легендарниот шпански голман Икер Касиљас посочи кои според него се двајцата најдобри голмани во светот во моментов.

37-годишниот Касиљас кој е легенда на Реал Мадрид и шпанскиот фудбал во моментов го носи дресот на Порто.

Касиљас смета дека Јан Облак од Атлетико Мадрид и Тер Штеген од Барселона во моментов се најдобрите голмани во светот.

„Искрено кажано, анализирајќи ги голманите на глобален план, тие двајцата се најдобри во моментов“, напиша Икер на Твитер говорејќи за Облак и Тер Штеген.

25-годишниот голман на Атлетико прими замо 5 гола од почетокот на сезоната во Примета, додека 26-годишниот Тер Штеген не престанува да воодушевува со своите партии во дресот на Барса.