Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Икер Касиљас и Џанлуиџи Буфон, едни од најдобрите голмани на сите времиња синоќа играа еден протув друг во Лигата на шампиони.
Двете легенди се одлични пријатели, па на теренот се прегрнаа и си ги разменија дресовите. Касиљас и Буфон вкупно имаат освоено 39 трофеи во сите натпреварувања, во Лига на шампиони бранеа на 263 меча, притоа својата мрежа ја сочуваа 99 пати. Нивното ривалство трае скоро 20 години.
Еден против друг играа 13 пати, а Шпанецот има подобар меѓусебен скор, бидејќи неговиот тим победил 6 пати, додека Буфон славеше само на 4 меча.
„Среќен сум што повторно го видов Касиљас кого го сметам за свој пријател. Тој е ривал на кого секогаш сум му се восхитувал. Имаше храброст да почне нова авантура и да излезе од конфорната зона. Го следев, во одлична форма е и се надевам дека двајцата имавме добар настап“, изјави Буфон.
„Џиџи е голем човек, пример за сите нас. Во фудбалскиот свет тој е веќе легенда и одлично е тоа што и понатаму игра. За мене е феноменално тоа што растев и наредував заедно со ваков одличен голман. Рано ја започна кариерата, три години е постар од мене, но многу брзо стана успешен“, изјави Касиљас.