Касами: Многу тешко да стигнеме до договор со Заев


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Преговорите меѓу премиерот Зоран Заев и Беса на Билал Касами и денеска тапкаат во место.

Извори од владеачкото мнозинство во парламентот брифираат дека лидерот на СДСМ му кажал на Касами дека нема да ги прифати неговите барања, оставајќи им на двајцата пратеници на Беса сами да одлучат дали ќе гласаат „за“ уставните измени.

Соработниците на Касами потврдуваат дека нема договор, но оставаат простор да се случи пресврт во наредните часови.

-Разговорите се интензивни, но засега нема заедничко решение. Многу е тешко да се најде прифатлива солуција за двете страни. Нашиот став е принципиелен: нема да гласаме за уставните измени доколку премиерот не ги прифатиме нашите барања, велат извори од Беса за „Независен весник„.