Касами: Илинденска Македонија е неприфатливо за Албанците


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според едната фракција од движењето Беса кое се подели, предводено од Билал Касами, новото име за кое се шпекулира како решение на спорот Република Илинденска Македонија е неприфатливо за Албанците.

– Официјалниот став на БЕСА е името да ја рефлектира на реалноста на општеството во државата Македонија, а тоа е мултиетничноста и мултиконфесионалниот карактер. Секое друго име не ги претставува сите граѓани на Република Македонија. Лично сметам дека треба да остане ова име, се друго треба да биде нов договор со сите – рече Касами.

– Движењето Беса свесна дека прашањето за решавање на спорот со Грција околу името треба да има што побрз епилог за да ја отвори вратата на Македонија кон зачленувањето во НАТО, го повторува ставот дека секое евентуално решавање на новото име на државата не треба да содржи име кое фаворизира една етничка група или една религија, бидејќи Македонија е држава која по својата општествена реалност е мултиетничка и мултирелигиска, се наведува во соопштението.

Се додава дека „поаѓајќи од фактот дека Грција потврди дека на преговарачка маса е името Република Илинденска Македонија, Беса го изразува својот став дека овба име не ја отсликува мултиконфесионалната реалност на државата и наметнувањето на ова име ќе донесе уште поголеми поделби внатре во државата како и ќе отвори ново поделикатно прашање во етничките и религиозните односи внатре во земјата“.

– Исто така го потсетуваме премиерот Зоран Заев дека формата која тој ја избрал повикувајќи ја на маса само македонската опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, остава впечаток дека консензусот кој тој го посакува ја исклучува албанската опозиција која сега го претставува поголемиот дел на албансклата популација во Македонија и секое решавање на прашањето за името без согласност на поголемиот дел на Албанците би отворало уште поголеми проблеми во иднина, се наведува во соопштението на Беса на Биљал Касами.