Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По повод денот на виното и вљубените, во сабота, 13 февруари, 2016 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена популарната кантата „Кармина Бурана”, од германскиот композитор Карл Орф. „Кармина Бурана” со пораката: „СРЕЌАТА ДА БИДЕ ВЛАДЕТЕЛКА СО СВЕТОТ”, со право ја нарекуваат кантата на XX век.
Овој пат „Кармина Бурана” ќе има специјално режирана концертна изведба.
Солисти се: Нада Талевска-Спасовска (сопран), Игор Дурловски (контратенор) и Горан Начевски (баритон).
Настапуваат, хорот и оркестарот на МОБ
Режисер: Дејан Прошев
Диригент: Иван Еминовиќ
Билетите по цена од 300, 400 и 500 денари можете да ги купите на билетарницата на МОБ, тел.
02/ 3 118 451, online на www.mob.com.mk и низ продажната мрежа на www.mktickets.mk