Кармата е брза кучка: Фрли фрижидер во провалија, па мораше на раце да го вади (видео)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Типот мислеше дека ќе испадне фраер со тоа што ќе ја исмева идејата за рециклирање во шпанскиот регион Алмерија, па се снимаше како фрла фрижидер во една провалија со цел да покаже колку му е гајле за рециклирањето.

Но, заборави дека не може да испадне пофраер од властите на кои тоа негово видео кое го објави на социјалните мрежи им дојде како „кец на десетка“.

Цивилната гарда го идентификувала мажот откако неговото видео почна да кружи по социјалните мрежи. Тие го нашле мажот и во нивно присуство го натерале да го извлече фрижидерот од провалијата.