Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што пренесуваат италијанските медиуми напаѓачот на Милан, Карлос Бака е многу блиску до преселба во Франција, во редовите на Марсеј.
„Росонерите“ ова лето прават реконструкција на тимот, веќе го доведоа Андре Силва, сакаат да донесат уште еден напаѓач, па јасно е дека за Карлос Бака нема повеќе место на „Сан Сиро“.
За 30-годишниот Колумбиец интерес покажаа и Вест Хем и Валенсија, но Марсеј беше најбрз и веќе постигнал договор со неговиот агент.
Сега истанува уште двата клуба да се договорат околу обештетувањето. Милан за неговата слобода бара 25 милиони евра, додека францускиот клуб е спремен да плати 20 милиони.
Медиумите тврдат дека во следните денови лесно може да биде „испеглана“ разликата со вклучување на одредени бонуси и дека трансферот ќе биде комплетиран.
Милан веќе е во потрага по нов напаѓач, а италијанските медиуми тврдат дека веќе започнал преговори со Фиорентина за Никола Калиниќ.