Карло Анчелоти се изнервира и носи три големи засилувања!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Актуелниот шампион Баерн Минхен е лидер на тебалата во Бундес лигата, но навивачите и раководството не се задоволни бидејќи Баварците не се супериорни како изминатите години.

Тренерот на Баварците, Карло Анчелоти не сака ништо да остави на случајноста во продолжение на сезоната на сите три фронта, па затоа сака значително да го засили тимот.

Еминентниот германски весник „Билд“ тврди дека Анчелоти сака во зимскиот преоден рок да донесе три засилувања на „Алијанц Арена“. Станува збор за двоецот на Хофенхајм Себастијан Руди и Николас Шуле, како и левиот бек на Наполи, Гулам.

Шуле важи за еден од најталентираните дефанзивци во Европа и сигурно ќе биде големо засилување за Баварците, додека Руди пак би требало да го засили средниот ред и да биде замена за ветеранот Чаби Алонсо.

Што се однесува до Гулам тој е еден од најдобрите леви бекови во Серија А, за него интерес покажуваат уште и ПСЖ и Арсенал, но Баварците се спремни да ја победат конкуренцијата.