Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Европските лидери имаат јасен избор на Балканот – или ќе се занимаваат со тамошните проблеми или пак балканските проблеми ќе се бават со нив, коментира шведскиот дипломат Карл Билт, пренесуваат српските медиуми.
Некогашниот висок претставник на ЕУ во Босна и Херцеговина (БиХ) во авторски текст предлага забрзување на процесот на проширувањето и прием на нови членки, и програмата источно партнерство на ЕУ да се замени со балканско партнерство, кое конечно ќе доведе до пристапувањето на овие земји во ЕУ.
Авторот наведува дека е свесен дека за ова ќе треба време, но истакнува дека на тоа ќе мора веднаш да се почне да се работи. За почеток, како што вели, ЕУ може да започне со посредување во решавањето на преостанатите помали проблеми во прашањата околу меѓудржавните граници.
Истовремено со забрзувањето на процесот на европските интеграции, за да се реши се поопасниот ризик од конфликт на Балканот, ЕУ треба да демонстрира дека поседува и волја и методи така што во регионот ќе ги испрати своите борбени групи за да изведуваат воени вежби. Тоа би испратило моќна порака дека нејзините воени сили не се тигар од хартија, туку дека се уште има потенцијал кој може да се употреби, навел Билт, пренесува Dnevni avaz.
Шведскиот дипломат вели дека сепак смета оти војните како оние пред 27 години нема да се повторат на Балканот.
Состојбата денес е различна отколку каква што беше тогаш. Но веќе во повеќе наврати низ историјата имавме можност да видиме како еден поединец може да наметне пожар кој после е тешко да се сопре. Некогаш одамна во Сараево, Гаврило Принцип започна светска војна кога го уби надвојводата Франц Фердинанд. После но сигурно денес регионот станува запалив, а овој пат искрата би можела да пламне во Скопје, вели тој.
Тој наведува дека лидерите на ЕУ изненадувачки се пробудиле во новата реалност на Балканот. На самитот кој беше одржан кон почетокот на месецот, тие ја истакнаа потребата од засилување на ангажманот на Унијата на Балканот, но и потиснувањето на Русија од регионот.
Билт додава дека уште од распаѓањето на Отоманското царство, Балканот е извор на нестабилност.
Мешовит во верската, национална и културолошка смисла, концептот на создавањето на националните држави додаде до постојана нестабилност во која војните и тешките злосторства, не се реткост, додава тој.
Продолжувањето на седумте нови, често меѓусебно антагонизирање држави, јасно стави до знаење дека стабилност на регионот зависи од новата рамка. Овојпат таа се нарекува ЕУ, благодарејќи на сопствените искуства на смирување и решавање на долгогодишните национални судири во другите делови на Европа, Унијата доби задача да го поврзе Балканот и да ги сузбие националните судири, навел Билт.
Тој потсетува дека на самитот во Солун во 2003 година, било дадено ветување за пристапувањето на сите балкански држави во ЕУ и дека важно е таквото ветување досега е мошне тешко да се одржи.
Штом балканските проблеми се смирија, лидерите на Унијата претпоставија дека мирот е обезбеден. Нивниот рутински пристап кон Балканот во суштина доведе само до зачувување на статус кво состојбата, порачува Билт.
Откако Жан Клод Јункер во 2014 беше избран за претседател на Европската комисија, даде изјава дека за време на неговиот мандат нема да има нови проширувања.
Статусот кво е потврден. Неговата изјава технички беше сосема исправна. Но политички беше катастрофална. Бидејќи светлото кое мотивираше и носеше реформи згасна, национализмот како и очекувано, започна да расте. ЕУ во меѓувреме постана фиксирана на своите проблеми, како што се финансиските и должничките кризи на државите членки, пишува понатаму Билт.
Наведувајќи ги своите искуства низ функциите кои ги имал во врска со балканските држави, авторот истакнува дека единствениот пат напред е во тоа Европа да ја покаже својата моќ.