Кариус после новата грешка: Зошто толку омраза и гнев…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лорис Кариус е на удар на критичарите уште од финалето во Лигата на шампиони, а нападите на социјалните мрежи се навистина жестоки.

Германскиот голман очигледно е дестабилизиран, па синоќа на пријателскиот дуел против Дортмунд направи уште една голема грешка.

После тоа повторно почнаа нападите и потсмевањето на социјалните мрежи, па Кариус мораше да реагира.

„Жал ми е за тие кои се радуваат на грешките на другите. Што се случува во вашиот живот, па да имате толку омраза и гнев, ве молам оставете го тоа и нека ви се случуваат само добри работи“, напиша Кариус.

Кариус потоа доби поддршка и од неговиот колега, легендарниот Икер Касиљас, кој повика да престанат нападите над германскиот голман.