Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кардиф го сруши клупскиот трансфер рекорд и за 17 милиони евра го договори трасферот на Емилијано Сала од Нант, но…
Во овие моменти постои голема загриженост кај фудбалскиот свет, бидејќи авионот со кој Сала патуваше за Кардиф исчезна од радарот.
Станува збор за приватен лет од Нант до Кардиф, а француската полиција потврди дека авионот во моментов се води како исчезнат.
Полицијата потврди дека акцијата за спасување е во тек, активирани се хеликоптери и чамци, но нема ни трага од авионот во кој се наоѓа 28-годишниот фудбалер.
Во последната негова објава на социјалните мрежи, Сала се поздрави со неговите веќе довчерашни соиграчи од редовите на Нант.
Интересно, тој како да претпоставуваше дека нешто лошо ќе се случи, па со денови одбиваше да потпише за Кардиф, иако двата клуба веќе го договорија трансферот.
La ultima ❤️ ciao @FCNantes 👋🏻💛💚 pic.twitter.com/SV1dNHbYYH
— Emiliano Sala (@EmilianoSala1) January 21, 2019