Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првиот сингл за оваа 2019 година Карди Би го сними со Бруно Марс, со кого соработува по втор пат. Со синглот во соработка со Марс насловен „Please Me“, Карди го најави новиот албум кој треба да излезе оваа година.
Би настапуваше на доделувањето на Греми наградите кои се одржаа минатиот викенд, на кои освои и награда за најдобар рап албум, станувајќи прва жена која ја освоила оваа награда.
„Please Me“ ја продуцираше Марс со неговата екипа која работи под името „Stereotypes“.
Бруно и Карди претходно соработуваа на неговиот ремикс од песната “Finesse“ која заедно ја изведоа на Греми наградите во 2018 година.